Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Охрид ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде денеска и утре, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат.

OhridNews