Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Охрид променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.

OhridNews