Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, и во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, но со слаб интензитет.

OhridNews