Времето претпладне променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Охрид, променливо облачно и претежно суво, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews