Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 25 степени Целзиуосви, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7, информира УХМР.
Во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Температурата ќе биде во пораст и ќе достигне 28 степени.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во сабота. Во недела попладне на на запад на места нестабилно, со локален дожд и ретки грмежи.
OhridNews