Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во зашадните и северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Охрид до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од УХМР најавија дека од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
OhridNews