Времето денеска променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец.
Времето во Охрид сончево со локална облачност. Минимална температура од 9, а максимална до 19 степени, информираат од УХМР.
Од таму додаваат дека утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.
OhridNews