Променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Охрид времето денес променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите значително ќе се намалат и повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.

OhridNews