Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

OhridNews