Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата ќе преовладува денеска во земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Охрид, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 18 степен.

Во сабота, температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку ден велат од УХМР.

OhridNews