Времето денес, претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 19 степени.

Слично време не очекува и во четврток, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се движи од 8 до 13, а дневната од 18 до 25 степени.

Г.М.