Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7.

Променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено претпладне, ќе има и во понеделник.Ќе дува умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 26 – 34 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7.

Стабилизација на времето и повеќе сонце се очекува од вторник.

OhridNews