Денес времето ќе биде претежно облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утре се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура во Охрид ќе биде 0 степени, а максималната 7.

Слично време не очекува и во сабота, додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер.

За викендот минималната температура во Охрид ќе биде од -4 до 6, а максималната од 5 до 9 степени.

OhridNews