Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Охрид слично време, со максимална температура до 18 степени.

На почетокот од новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната темпретарура ќе се спушти до 8 степени, а максимапната дневна ќе достигне 19 степени.

Г.М.