Променливото време од овој викенд ќе продолжи и во наредните два дена во Охрид. Во понеделник и вторник ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и услови за грмотевици и дожд, со максимална температура до 22 и минимална од 11 степени.

Од среда се очекува стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде од 26 до 31 степен во недела, а минималната од 15 до 18 степени.

OhridNews