На радикални промени се одлучи европскиот и македонскиот првак Вардар во стручниот штаб после катастрофалниот пораз од Кил (20-31) во дерби средбата од Лигата на Шампиони. Нов предводник на „црвено црните“ ќе биде Еудард Кокшаров, додека Давид Писонеро ќе остане во клубот но како асистент.

Кокшаров кој е актуелен селектор на руската репрезентација во Вардар беше директор на клубот. Ракометарите биле изненадени од одлуката за тренерската промена, а како што јавуваат медиумите Писонеро ја прифатил опцијата за асистент.

Деби на клупата новиот стратег на „вардарци“ ќе има против Веспрем во Унгарија во рамките од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

OhridNews