Италијанскиот шампион Јувентус од следната сезона ќе добие нов тренер, откако актуелниот предводник Масимилијано Алегри не се договори со клупската управа за продолжување на соработка и ќе замине од екипата.

Јувентус со Алегри на клупата пет пати во низа триумфираше во Серија А, а претрпе пораз во двете финалиња во Лигата на Шампиони, што се смета како најголем недостаток. Притисокот на плеќите од Алегри се зголеми сезонава после доаѓањето на Кристијано Роналдо и новиот неуспех во ЛШ. Неприминлива пречка за Јувентус беше Ајакс во 1/4 финалето.

За наследник на Алегри се споменува поранешниот тренер и играч на Јувентус, Антонио Конте. Клупската легенда беше тренер пред Алегри и успеа да освои две титули во Серија А, но и тој немаше некој забележителен успех во ЛШ.

Алегри веројатно ќе замине во ПСЖ, а Јувентус го очекува возбудлив преоден рок со оглед дека Миралем Пјаниќ се поврзува со трансфер во Франција, Андреа Барзаљи најави повлекување, а Жоан Кансело е пред трансфер во Манчестер Сити.

OhridNews