Комисијата за натпревари во Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) експресно ги промени термините за мечевите од Првата и Втората македонска фудбалска лига, откако на сила стапи новата мерка од Владата за полициски час од 20 до 5 часот.

Следниов викенд мечевите во Првата и двете Втори лиги ќе се играат во 13 часот, наместо предвидените термини од 15 односно 16 часот. Први на програмата по новите термини ќе бидат полуфиналните пресметки во Купот на Македонија. Силите ќе ги одмерат Струга Трим Лум – Силекс односно Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев.

OhridNews