Специјалната комисија за натпревари во време на пандемија во Европската куќа на фудбалот (УЕФА) направи одреди промени на домаќинствата во Лигата на Европа.

 

Засилените мерки и протоколи во Шпанија и Португалија, како и задолжителниот карантин за луѓе кои доаѓаат од Британија ги примора челниците на УЕФА да бараат солуција за натпреварите Сосиедад – Манчестер Јунајтед односно Бенфика – Арсенал, во првата елиминациска фаза во ЛЕ.

УЕФА одлучи мечевите да се играат во Италија. Пресметката Бенфика – Арсенал на 18 февруари ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, а Сосиедад – Манчестер Јунајтед ќе се сретнат во Торино,

УЕФА претходно ги премемести натпреарите од Лигата на Шампиони меѓу Лајпциг – Ливерпул односно Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити да бидат одиграни во Будимпешта, а нова локација е одредена и за мечот од Лига Европа меѓу Молде и Хофенхајм, кои својот прв натпревар ќе го играат во Виљареал.

OhridNews