Фудбалската репрезентација на Германија после завршувањето на Европското првенство оваа година ќе добие нов селектор. Сегашниот Јоаким Лев ќе се раздели со Германија, една година пред официјалното завршување на договорот, пренесува агентот Фабрицио Романо.

Лев на селекторската позиција на „панцирите“ е од 2006 година кога го наследи Јирген Клинсман. Со Лев на клупата, Германија го освои златниот медал на Мундијалот во Бразил 2014 година, победувајќи ја Аргентина во финалето со 1-0.

Како најсериозен кандидат за позицијата селектор се споменува Јирген Клоп, кој е актуелен менаџер на Ливерпул.

OhridNews