Владимир Алексиjоски не е повеќе претседател на Фудбалскиот клуб Охрид откако, синоќа, Управниот одбор ја прифати понудената оставка.

УО му се заблагодари на Алексиjоски за досегашната работа и ангажманот за доброто на клубот.  Улогата в.д. директор му припадна на Љупчо Грданоски.

„Рибарите“ на една рунда пред крајот од есенската полусезона се наоѓаат на последното место од табелата. Викендов, охридските фудбалери на домашен терен го пречекуваат Кадино.

OhridNews