Екипата на Челси ги оствари најавените промени на позицијата менаџер, откако му врачи отказ на Френк Лампард. Наследник на Лампард ќе биде Германецот Томас Тухел, кој се наоѓа во Лондон и преговара со управата на Челси.
„Сините“ под водство на клупската легенда Лампард не брилираа во Премиер лигата и рано отпаднаа од трката за титулата. Лампард на нови фудбалери потроши 200 милиони евра, а средствата вложени не ги оправда, нешто што беше аларма за предводниците на Челси.
Тухел кој неодамна беше отпушен од францускиот клуб Пари Сент Жермен со Челси ќе потпише договор на 18 месеци, а ќе добие одврзани раце за доведување на нови фудбалери уште во зимскиот преоден рок.
OhridNews