Наместо младите репрезентативци Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков дополнителен повик во А селекцијата  за средбите со Естонија и Ерменија ќе добие фудбалерот на Шкендија, Љупчо Дориев.

Причината за изоставувањето на триото од У21 селекцијата се позитивните исходи на вирусот ковид -19 на колегите од младата репрезентација.

Селекторот Игор Ангеловски од обврските ги ослободи капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски.

Македонската репрезентација која обезбеди пласман на Европското првенство 2020, в недела во Ц-сегментот Група-2 ќе ја пречека Естонија, а три дена подоцна (18 ноември) ќе и гостува на Ерменија.

OhridNews