Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски направи неколку промени во пресрет мечот со Грузија во четвртата рунда од Ц лигата во УЕФА Лигата на Нации. Ангеловски од обврските го ослободи Ферхан Хасани, а повика замени за Енис Барди кој има жолти картони, Егзон Бејтулаи, Аријан Адеми, Кристијан Тошевски и Стефан Спировски, кои се жалат на повреда.

Дополнителен повик добија Агрон Руфати, Љупче Дориев, Енур Тотре, Томе Китановски и Дарко Мицевски, кои доаѓаат од екипи од македонскиот шампионат. Дориев и Тотре играат за Шкендија, Китановски ги брани на Македонија Ѓорче Петров додека Мицевски игра за Вардар.

Петмината репрезентативци веднаш ќе му се стават на располагање на Ангеловски, бидејќи доаѓаат од македонскиот шампионат и не се потребни посебни протоколи, освен негативен тест на коронавирусот.

А репрезентацијата мечот со Грузија го игра на 14 откомври, а победа е не скриена желба на „црвено жолтите“. По три одиграни натпревари во групата од Ц лигата Македонија е лидер на табелата со пет бодови.

 

OhridNews