Изложбата „ Tempi non passati“ на академик Глигор Чемерски, наместо денес, ќе се одржи во петок, 28- ми август со почеток во 21 часот во Куќата на Уранија. Изложбата, која е во рамки на „ Научно уметничката визита 2015“, ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ.
Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони, тој е сликар, графичар и мозаичар. Во 1962 година, првпат самостојно изложува во Скопје, по што следуваат индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон и уште во многу други градови. За редовен член на МАНУ е избран на 4-ти јуни 2012 година.
Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на неговото творештво.
Академик Глигор Чемерски имаше изложба во Охрид во 2012 година.
OhridNews