За половина час порано се закажани натпреварите од завршниот Фајнл-фор турнир во кадетска категорија ракомет мажи кој во недела ќе се одржи во Охрид.
Охрид во полуфиналето ќе се сретне со Бутел. Мечот почнува во 10:30 часот. Во вториот меч од 12:30 часот играат Пролет ’62 и Алкалоид. Натпреварот за 3-то место се игра во 17:30, а финалето на програмата е во 20 часот.
Натпреварите помеѓу екипите на РК Бутел – ГРК Охрид и РК Алкалоид – РК Пролет 62, ќе се играат во салата „Билјанини Извори“.
OhridNews