Комплетната шеста рунда во Третата македонска фудбалска лига место в недела на 30 септември ќе се одигра в сабота со почеток во 15 часот.

Во рамките од шестата рунда лидерот на табелата Охрид Лихнидос гостува кај второпласираниот состав на Црно Буки, додека добар меч се очекува на Градскиот стадион во Струга каде силите ќе ги одмерат Караорман и Влазними.

Лакочереј нови бодови ќе брка на гостувањето кај Преспа во Ресен, а Сатеска во Волино го пречекува тимот на Лирија од Грнчари.

Двојки: Новаци – Фљамуртари, Црно Буки – Охрид Лихнидос, Преспа – Лакочереј, Караорман – Влазними (11ч), Сатеска – Лирија Грнчари, Октиси – Велешта, Кравари – Лирија Заграчани.

Табела: Охрид 15, Црно Буки 10, Караорман 9, Лирија Грнчари 9, Влазними 7, Сатеска 7, Велешта 7, Новаци 6, Кравари 6, Октиси 6 (-1), Лакочереј 6, Преспа 5, Лирија Заграчни 3 (-1), Фљамуртари 3.

OhridNews