Од денес ќе има промена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар поради градежни активности, информираат од АМСМ.

Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица, додека во фаза 2 асфалтирање кај селото Луково, каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, додаваат од АМСМ.

OhridNews