Кошаркарското натпреварување кое досега го носеше името УЛЕБ Куп, во иднина ќе се вика Еврокуп, додека поранешниот ФИБА Еврокуп е преименуван во Еврочелинџ.

Еврокупот е второ најквалитетно клупско натпреварување на Стариот континент, организирано од УЛЕБ.

Охридскиот АМАК СП од македонските екипи ќе учествува во Еврочелинџ Купот.

Во ова натпреварување ќе учествуваат 32 екипи, поделени во 8 групи, а директно ќе се пласираат осумте пријавени екипи со најдобар рејтинг.

Останатите учесници ќе бидат 16-те елиминирани екипи од двете квалификациски кола во Еврокупот, плус осумте екипи, кои ќе ги поминат квалификациските кола.

ohridnews