Гренд слем турнирот Австралија Опен кој означува официјален почеток на тениската сезона во 2020 година ќе воведе измени во третиот сет кај девојките односно петтиот кај момчињата кои го одлучуваат победникот. Во 2019 година ќе се игра по старите правила и нема да има тај брејк во последниот сет, туку победникот ќе биде оној кој ќе освои два гемови во серија.

Од 2020 година, во случај на егал 6-6 во третиот сет кај дамите односно во петтиот кај момчињата ќе се игра супер тај брејк до десет добие поени, а не како претходно. Тенисерката или тенисерот кој прв ќе стигне до 10 добиение поени го добива сетот и натпреварот, бидејќи се работи за последен и одлучувачки.

Со промената на правилото во последниот сет четирите гренд слем турнири имаат различни правила. На францускиот гренд слем турнир Ролан Гарос тај брејк нема, најстариот турнир Вимболдон воведе обичен тајк брејк на резултат 12-12,  на УС Опен се игра обичен тај брејк на два добиени гемови во последниот сет.

Австралија Опен ќе започне на 14 јануари следната година, а титула ќе ја брани Рожер Федерер. Вкупниот награден фонд изнесува 60 милиони долари.

OhridNews