Почетокот и ждребката на премиернето издание на турнирот во мал фудбал „Вевчани Куп 2015“ е пролонгирано за еден ден.
Извлекувањето на групите е закажано во петок во 20 часот во ресторанот „Виа Игнација“ додека турнирот ќе започне во сабота на 17 октомври.
Сите заинтересирани екипи за учество на турнирот „Вевчани Куп 2015“ имаат можност да се пријават до петок до 19 часот.
Натпреварите од турнирот ќе се играат во спортската сала „Владо Попески“ во деновите петок, сабота и недела.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 205 000 денари, а ќе трае повеќе од два месеци.
Ohridnews