Металург одложување на дербито побара поради настапот во Лигата на Шампиони, а Ракометната федерација на Македонија им излезе во пресрет и го пролонгираше дербито за 9 мај.

Дербито кое ќе се одигра на теренот од Металург може да го одлучи шампионот. Со победа на “металурзите“, тие ќе им избегаат три бодови на своите ривали и во преостанатите натпревари од првенство ќе им бидат потребни четири победи.

Вардар сам си ја закомпликува ситуација откако неочекувано ремизираше со екипата на Зомимак 24-24.

Мх.П.