Ждребката за ревијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2016“ е пролонгирана за еден ден кој екипите заинтересирани можат да го искористат да се пријават.
Пријавувањето на екипите ќе трае до 23 мај за кога и е закажана ждребката за групите. Ден потоа односно на 24 мај и официјално ќе започне шестиот турнир со меморијален карактер.
Секоја екипа при пријавувањето на бројот 070 350 910 (Дејан) ќе треба да уплати 3 000 денари.
Организаторите најавуваат богати награди кои ќе бидат соопштени на денот од ждребката за групите.
OhridNews