– Ни треба повеќе време да донесеме правилна одлука, за да нема оштетени страни. Потребно е да се сослушаат двете страни и да донесеме одлука за доброто на фудбалот – потенцираше претседателот на “дисциплинците“ Дојчиновски.
Последното коло од Првата македонска фудбалска лига имаше неславен крај. Шкендија се повлече од теренот во 85-та минута кога Тетекс го постигна водечкиот погодок и на теренот влетаа голем број симпатизери на “штофарите“ додека мечот во Кичево, Напредок – Металург беше одложен поради временските неприлики.