Пролонгиран е стартот на школската лига во мал фудбал, која требаше да започне денеска. Студеното време и невозможноста на охридскиот градоначалник да присутвува на отварањето на натпревари за една недела го одложи стартот на натпреварите.



Лигата во мал фудбал, проект на Сојузот за училишен спорт
кој ќе биде реализиран во соработка со локалната самоуправа ќе се рестартира по три годишна пауза.

Од Сојузот на училишен спорт најавија дека со цел да се популаризира спортот во
градот од февруари до јуни ќе се одржуваат натпревари во мал фудбал,
одбојка, пинг – понг, атлетика.

Ohridnews