Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3. октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10. октомври, – информираат од куќата на кошаркарката.
Оваа одлука на заедничкиот состанок ја донесоа ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи.
Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена.
Клубовите ја одбија иницијативата на КФСМ за играње на сите натпревари во еден или два градови. Ставот на клубовите е дека до три позитивни случаи во екипа ќе бидат третирани како повредени. А, ако бројката прескокне над три случаи мечот ќе се одложи и првенството ќе биде привремено прекинато.
OhridNews