Поради врнежливото време и лошата состојба со фудбалските терени низ републиката, стартот на Пролетниот дел од фудбалската сезона за младинци и кадети се одложува една недела и наместо следниот викенд ќе стартува на 6-7 Март.


Доколку се случи непредвидлива промена на временските услови, Комесарот за натпревари при ФФМ дополнително ќе ги извести клубовите.

Ohridnews