За дополнителни два дена е пролонгиран рокот за пријавување на екипи на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“, кој под рефлектори се игра во Мешеишта.
Пријавувањето ќе трае до 23 јуни (21 часот) кога ќе се изврши и ждрепката за изгледот на групите.
Годинешното издание ќе биде 46-то, после пауза од една година, бидејќи минатата 2020 не се одржа поради ковид пандемијата.
OhridNews