Натпреварите од Групата А во ракометната Супер лига нема да продолжат на 14 октомври, туку една недела подоцна на 21 октомври.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) им излезе во пресрет на клубовите кои се уште имаат ракометари во изолација поради позитивни тестови на вирусот ковид -19.

Планот на РФМ останува ист. Мечеви ќе се играат среда-сабота, со претходни тестови за целата екипа, стручниот штаб и логистиката во клубовите.

Натпреварите во Групата А подоцна и во Групата Б беа стопирани откако неколку екипи пријавија позитивни случаи на коронавирусот.

OhridNews