Пролонгирани се ждрепката и почетокот на 45-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“.

Пријавувањето за учество ќе трае до петок (21 јуни) за кога е закажана и ждрепката а мечевите ќе започнат ден подоцна на 22 јуни. Лице за пријавување Игор Крцоски-Манце (075 701 800).

Турнирот во Мешеишта кој се одржува по повод празникот Петровден е еден од најстарите во Македонија и на него продефилирале голем број на познати и признати фудбалски имиња.

OhridNews