Поради лошите временски услови и честите дождови пролонгиран е почетокот на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“, кој по осми пат ќе се одржи во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).
Меморијалниот турнир ќе стартува в недела на 27 мај, а ждрепката ќе биде извршена на 26 мај со почеток во 18 часот во Кафе барот Бордо – Лескоец.
Организаторите обезбедија награда од 80 000 денари за победник, а богати награди ќе следуваат за второпласираниот, третопласираниот и учесникот во полуфиналето. Контакт за пријавување и информации 070 217 891 (Павел). Учеството на турнирот изнесува 3 000 денари.
OhridNews