Почетокот на финалето на фудбалската Лига на шампиони помеѓу Ливерпул и Рееал Мадрид, што се игра во Париз, е пролонгиран за 36 минути.
Причина за одложениот старт на финалето е обид на поголема група навивачи на Ливерпул да влезат без карти на стадионот, при што дошло и до судир со полицијата.
Претходно организаторот соопшти дека поради сообраќаен метеж автобусот со фудбалерите на Ливерпул доцнел 15 минути.
Г.М.