Поради лошите временски услови и поројните дождови за три денови е пролонгиран почетокот на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2017“ кој по седми пат ќе се одржи во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).
Можност за пријавување заинтересираните екипи ќе имаат до 29 мај до 20 часот за кога е закажана ждрепката за групите. Секоја екипа при пријавувањето на бројот 070 350 910 (Дејан) и 070 430 450 (Зоки) ќе треба да уплати 3 000 денари.
OhridNews