Eкипите на Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на денешниот ден биле максимално ангажирани за пролетното уредување на парковските и зелените површини во градот.

-Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваа оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на булевар „Туристичка” на потегот од Градски пазар до Гимназија. На одредени делови се вршешеше и комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник, информираат од јавното претпријатие.

Охридските комуналци работеа и на уредување на зеленилото во градскиот парк и на влезот на Охрид.

OhridNews