Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве продолжија со пролетното уредување на парковите и зелените површини на  територија на општина Охрид.

Освен уредување на зелените и цветните катчиња, во градскиот парк и на плоштадот била извршена и замена на стариот чакал со нов.

Исто така биле спроведени активности за уредување на паркот и кружниот тек на улицата „Јане Сандански“ и на  зелената површина пред зградата наспроти „Охридска Банка“.

OhridNews