Изминатиот викенд Ј.П.„Охридски Комуналец“ спроведе активности за подигнување на степенот на јавна хигиена и зеленило во урбаните заедници и приградските населби.

Во овој период од годината се реализираат пролетни активности на генерално чистење и одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја, метење на тротоарите и јавните површини од наноси од песок, подигнување на расфрлан ситен комунален отпад и отстранување на ниско-жбунеста вегетација. Со овие активности ќе биде опфатено секое урбано катче и заедница, како и приградските населби, согласно утврдената динамика во оперативната програма. – информираат од „Комуналец“.

Ј.П.„Охридски Комуналец“ продолжува во континуитет да спроведува вонредни активности за третирање на јавните површини со дезинфекционо средство во централното градско подрачје и приградските населби со  цел спречување на ширењето на вирусoт COVID-19.

Со цел да обезбедиме безбедни услови во кои се намалува ризикот од ширење на заразата во повеќе наврати ги третираме сообраќајниците, тротоарите, пристапите кон објекти каде има поголема фреквентност на движење и инфраструктурни објекти. Заради специфичноста на теренот и тесни улици и пристапни патеки со помалата цистерна се изврши миење и дезинфекција во „Стар Град“. – велат од јавното претпријатие.

Викендот се изврши миење и дезинфекција и во централното градско подрачје и периферијата, како и на селата Лескоец, Велгошти, Долно Лакочереј и Горно Лакочереј.

OhridNews