Пролетното прочистување на организмот е добар потег, а ако мислите дека детоксикацијата ви е потребна за да бидете одморни, среќни и енергични, погрижете се на менито да ви се најдат следните намирници:
Агруми- со сите останати бенефиции од витаминот Ц, со кој лимонот и другите сродни овошја се преполни, познат е како витамин на детоксикација со помош на кој полесно ќе се разградат и ќе ги се исфрлат токсините од телото. Лимони или портокали-изборот е ваш.
Лук-кралот на зеленчукот и зачините кој можете да го користите со сите намирници е одличен за срцето и целиот крвоток, а го стимулира и производството на неопходните eнзими. Накратко, заборавете на “аромата“ и пуштете го да ја сработи својата чудотворна работа.
Цвекло-овој зеленчук го содржи еден од главните детоксикациски ензими, а одлично е за прочистување на крвта во организмот. Покрај тоа ја подобрува и работата на желудникот, цревата и жолчката, што е, се разбира многу важно кај детоксикацијата на организмот, а има и позитивен ефект на нервниот систем, па со него ќе бидете помалку напнати.
Зелка-во црниот дроб постојат два главни детоксикациски ензими, а овој зеленчук го поттикнува производството на двата и затоа е незаменлив во чистењето како на целото тело, така и на главниот “прочистувач“-црниот дроб.
Зелен чај-овој чај, според многумина најдобриот чај, има неверојатен детоксикациски ефект и е одличен антиоксидант, а покрај тоа дава и чувство на ситост, па може да
биде совршен избор ако со прочистувањето се обидувате да го изгубите целулитот од зимата.
Зелен зеленчук-се што е зелено претставува одличен сојузник во процесот на детоксикација на црниот дроб. Јадете свеж, исцеден и варен во големи количини и нема да зажалите.
извор:metro-portal.hr