Вообиачаено пред почетокот на главната туристичка сезона во Охрид редовно се интензивираат градежните работи. Притоа неретко се рскопуваат улиците и тротоарите кои потоа долго време остануваат несанирани. Деновиве затеакнавме градежни екипи како интервенираат на ул. “Партизанска”. Се сече аасфалтот од улицата и се копа канал најверојатно за приклучок на новоизградениот станбен комплекс на водоводната и електро мрежата. Се надеваме дека инвеститорот по завршување на градежните работи улицата ќе ја врати во првобитна состојба, на што е и обврзан со закон.
се копаат охридските улици
Слично како “Партизанска”раскопани се и повеќе други фрекфентни улици во градот. Наспроти оава градските служби пак го интензивираат дотерувањето на охридските улици и зеленилото. Дотерувањето на Охрид се интензивира пред Самитот на претседателитеа на земјите од Централна Европа што во мај ќе се одржи во Охрид. Да не испадне само сизифов труд.
ohridnews
фото:Васко Бујароски