Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ согласно Програмата за работа за 2015 година, деновиве темелно ги расчистуваат јавните површини во стариот дел на Охрид. Сите улици и пристапни патеки се метат, а зелената околна вегетација рачно се коси.
Во текот на вчерашниот ден се уредуваа улиците: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Илинденска“ и месноста „Долни Сарај“, а во следните денови ќе бидат опфатени и останатите улици од оваа урбана заедница.
OhridNews