Големата фонтана кај чинарот, за која во јавноста сеуште постојат поделени мислења околу изгледот и функционалноста, деновиве има генерално чистење. Првиот потопол пролетен ден службите од јавна хигиена го искористија да ја светнат фонтаната на малиот плоштад. Пролетното чистење на фонтаната го привлече вниманието на минувачите кои подзастануваа да видат што се’ се насобрало во фонтаната во која се фрла сешто, од ситни парички за среќа, до разни отпадоци.


Пролетно чистење на фонтаната кај чинарот

Ohridnews